stirring spoon - онтологија

боравалка повеќе

мн. боравалки
Вид збор: Именка, женски род
Лажица за мешање при готвење, обично дрвена.
Албански: lugë përziese
Употреба: Дијалектен збор , Гастрономија
Примери:
Жената боравеше со боравалката во тенџерето.

бркалка повеќе

мн. бркалки
Вид збор: Именка, женски род
Лажица со која се меша, се брка тоа што се готви.
Албански: lugë përziese
Употреба: Гастрономија
Примери:
Бркалката обично е поголема дрвена лажица.

мешалка повеќе

мн. мешалки
Вид збор: Именка, женски род
Предмет што служи за мешање; голема дрвена лажица.
Албански: lugë përziese
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ајварот го мешаа со мешалка.